189
Шпанија со убедливи 3-0 ја совлада Јапонија, а Мароко беше уште поубедлив против САД откако славеше со 4-0 во првите два четвртфинални дуели на Олимписките игри во Париз.
Фермил Лопез погоди уште во 11. минута за водство на Шпанија од 1-0. Тоа беше резултат од првото полувреме.
На вториот гол се чекаше до 73. минута, а стрелец повторно беше Фермин Лопез. Конечните 3-0 на мечот меѓу Шпанија и Јапонија ги постави Абел Руиз на четири минути пред крајот.
Мароко со 4-0 ја совлада селекцијата на САД.
Рахими даде гол во првото полувреме, во вториот дел за Мароканците погодија Акомач, Хакими и Махуб.
Шпанија против Мароко ќе играат во полуфиналето на Олимписките игри.