Спалети: Зиелински беше исплашен, не ни помислив да го оставиме подолго во игра

by
1 минути читање

Зиелински кој е еден од најдобрите играчи на Наполи оваа сезона, во десетата минута од мечот против Емполи почувствувал болка во градите и отежнато дишење, по што веднаш го напушти теренот.

„Тој почувствува болка во градите и не ни помислувавме да го задржиме подолго време на теренот“, изјави Спалети по мечот.

„Тој помисли дека нешто може да му се случи. Беше исплашен поради болката во градите, па решивме да го замениме“.

Откако почна пандемијата на ковид-19. се почесто се случува фудбалерите да имаат проблеми со дишењето и болка во градите.

Во наредните денови Зиелински треба да биде подложен на детални тестови со цел точно да се утврди неговиот здравствен проблем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×