Лучано Спалети денеска беше промовиран како нов тренер на Јувентус, едно од прашањата беше тетоважата од Наполи во чест на освоеното Скудето.
Јувентус вчера го именуваше Лучано Спалети како наследник на Игор Тудор, стратегот попладнево беше промовиран пред новинарите.
Неизбежно беше прашањето за неговата тетоважа од Наполи во чест на освоеното Скудето, негово прво во кариерата.
„Оставив дел од себе во секој град. Во Неапол се случи нешто посебно, фантастично и важно Скудето. Воспоставив специјална врска со тие луѓе, и од моја страна нема ништо да се промени. Денес правев крвни анализи, и ми земаа крв од десната рака, бидејќи на левата рака имам тетоважа и не сакав никој да ја допира. За мене ништо нема да се промени, секогаш ќе имам многу пријатели во Неапол“ – вели Лучано Спалети.
Тој потоа појасни што мислел кога кажал дека нема да биде тренер на друг клуб од калчото по заминувањето од Наполи.
„Тоа се однесуваше само на сезоната што следеше. Го известив претседателот дека нема да потпишам со друг клуб доколку ме ослободи од договорот, и така беше“.
„Но тоа не значи дека треба да ми заврши кариерата како тренер само затоа што сум бил една сезона во Наполи“.
„Од почит кон клубот и градот, останав доследен на дадениот збор. По таа сезона, имав право слободно да продолжам со својата кариера. Тие што ја користат оваа ситуација за да ме напаѓаат, ја вадат изјавата од контекст, и мислам дека сите разбираат со какви намери го прават тоа“.
ФОТО: X/JuventusFC