Интересни сцени
се случија синоќа пред почетокот на натпреварот помеѓу Наполи и Спартак Москва
во Лига Европа.
Лучано Спалети
тргна да се поздрави со својот колега од таборот на гостите, но очигледно не
знаеше кој е тренер на Спартак Москва и мораше да добие инструкции. Човек од
клупата со прст му го покажа Руи Виторио, кој стоеше крај аут линијата и
делеше последни инструкции за своите играчи.
Спартак Москва со
три бода си замина од „Диего Армандо Марадона“, со пресврт во вторит дел
славеше со 2-3 и покрај тоа што нашиот Елиф Елмас им даде гол по само 13
секунди, па клубот од Русија беше расположен за шега и утрово го сподели
видеото од збунетиот Лучано Спалети на социјалните мрежи.
Теперь Лучано ни с кем Руя не перепутает #НаполиСпартак | #UEL pic.twitter.com/9kEAeNAQSH
— ФК «Спартак-Москва» (@fcsm_official) October 1, 2021