Спалети по реакцијата на Мурињо за судиите: Ние се однесуваме добро, а другите…

by
1 минути читање

Наполи синоќа одигра 1-1 против Рома и полека ги губи надежите дека може да стигне до Скудетото.

Жозе Мурињо имаше големи замерки за судењето, па Спалети беше прашан што мисли за реакцијата на Португалецот.

„Не сакам да му одговорам на Мурињо. Од првиот момент кога дојдов тука, секогаш сум им велел на моите фудбалери да се однесуваат добро, да не го повишуваат гласот кон судиите. Резултатот од тоа е кога противниците ќе дојдат тука, се однесуваат како тие да се домашниот тим, викаат околу судијата и прават се што сакаат“, вели Спалети.

„Ако би можел да се вратам, не би им го кажал тоа повторно на моите фудбалери, бидејќи некои судии имаат влијание од однесувањето на играчите на теренот. Не зборувам само за Рома“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×