Шефот на
стручниот штаб на Интер, Лучијано Спалети тврди дека мечот на неговата екипа со
ПСВ во рамките на последното, шесто коло од групната фаза е најважниот досега
откако тој е на клупата на италијанскиот прволигаш.
На Интер му е
потребна победа против ПСВ на домашен терен, но, Тотенхем не смее да победи на
Камп Ноу кај Барселона, за да се остварат амбициите на Нероаѕурите да
прогресираат во елиминационата фаза.
„Ние најпрво
мораме да сме со мислите со нашиот натпревар, само сериозни лица работат во Барселона,
единствената грешка која би ја сториле е да мислиме на нивниот натпревар. Ова е
најважниот натпревар откако сум тука, дури и поважен од оној против Лацио во
ланската сезона“ рече Спалети алудирајќи на победата на гостувањето кај Лацио
со 2-3 во последното коло од ланската сезона, со што Нероаѕурите изборија место
во Лигата на шампионите, а го прескокнаа токму Лацио, со ист број бодови (72).
Дуелот Интер –
ПСВ е предвиден да се одигра утревечер со почеток од 21 часот.