Како што пренесува Газета дело Спорт, Лучано Спалети лично му се јавил на Бернардо Силва за трансфер во Јувентус, но за „старата дама“ да има било какви шанси, треба да се обезбеди настап во Лигата на шампиони.
Јувентус ова лето да донесе неколку звучни засилувања, Роберт Левандовски и Бернардо Силва се помеѓу врвот на листата со желби.
Денешното издание на Газета дело Спорт вели дека Лучано Спалети лично му се јавил на Бернардо Силва, и се обидел да го убеди да се пресели во Торино.
Преговорите помеѓу „старата дама“ и агентот Жорж Мендеш се одвиваат со недели и на Бернардо Силва му е понуден тригодишен договор и плата од 7 милиони евра.
Бернардо Силва има понуди од САД, Саудиска Арабија и клубови од Европа (Барселона најчесто се споменува), и одлуката ќе ја донесе на крајот од сезоната, во моментов целиот фокус му е на Манчестер Сити и битката во Премиерлига и ФА Купот.
Но за Јувентус да има било какви шанси за ангажман на Бернардо Силва, мора да обезбеди настап во Лигата на шампиони.
„Старата дама“ на четири кола пред крајот е на +3 во однос на Комо и Рома, и е во добра позиција да заврши во топ 4 на табелата.