Спалети ќе биде новиот тренер на Елмас во Наполи?

by
1 минути читање

Неофицијалните
информации говорат дека Наполи наводно го убедил Лучијано Спалети во
преговорите за тој да биде новиот тренер на клубот за идната сезона.

„Газета дело
Спорт“ наведува дека првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис веќе ја донел
финалната одлука за поранешниот предводник на Интер и Рома да биде нов тренер и
да го наследи Гатузо.

Се чини дека
Гатузо би си заминал дури и Наполи да избори место во Лигата на шампионите за
идната сезона, а весникот тврди дека Спалети бил во постојан контакт со Де
Лаурентис околу тоа како да се засили составот.

Како и да е,
обете страни наводно се уште немаат постигнато согласност околу финансиските
услови во договорот, се шпекулира дека Спалети бара 4 милиони евра плата од
сезона, а Наполи барем засега му нуди 2,5 милиони евра, дополнително и бонуси,
меѓутоа очекувањата се обете страни да си подадат рака за плата од 3 милиони
евра по сезона.

Во моментов
Наполи се наоѓа на петтото место на табелата во Серија А на четири кола до
крајот на актуелната сезона, со тоа што заостанува само два бода зад позициите
кои водат во Лигата на шампионите за идната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×