171
Наполи го победи Лацио со 2-1 со гол на Руиз во 94. минута од натпреварот, откако претходно Лацијалите изедначија во 88. минута.
„Тимот одигра добар фудбал во второто полувреме, точно е дека со прекрасниот гол на Педро Лацио израмни, но ние имавме бројни шанси пред тоа, поништен гол и еднаш исчистена од линија“, вели Спалети.
Тој смета дека начинот на кој победил тимот е одговор на критичарите кои сметаат дека Наполи нема карактер.
„Севкупно заслуживме победа. Сакам да подвлечам дека ситe постојано велат дека овој тим нема карактер, дека е мек, тромав… сакам да ги слушнам сега да го кажат тоа“.
„Овој тим има карактер“.