Сосиедад доаѓа на „Олд Трафорд“, Манчестер јунајтед не сака да остане и без последната шанса за ЛШ

by Стефан
2 минути читање

Денеска на програмата се натпревари од Лига Европа, а најголемо внимание привлекува средбата помеѓу Манчестер јунајтед и Реал Сосиедад која е во терминот од 21:00 часот.

Првиот натпревар во Сан Себастијан заврши со нерешено 1:1. Манчестер Јунајтед поведе со голот на Џошуа Зиркзе во 57. минута, додека Реал Сосиедад израмни преку пенал на Микел Ојарзабал во 70. минута.

За Манчестер Јунајтед, предводен од тренерот Рубен Аморим, ова е клучен меч. По нерешениот резултат во првиот натпревар, „Црвените ѓаволи“ ќе бараат победа пред своите навивачи за да обезбедат пласман во четвртфиналето. Лига Европа е нивна единствена шанса за трофеј оваа сезона, а воедно и можност да си обезбедат место во Лигата на шампионите следната сезона. Тимот се соочува со одредени проблеми со повреди – Хари Мегваер и Мануел Угарте сигурно ќе го пропуштат натпреварот, додека играчи како Лук Шо, Мејсон Маунт и Лисандро Мартинез сè уште се во фаза на опоравување. Сепак, Аморим истакна дека има план и е фокусиран на подобрување на тимот, без разлика на исходот од овој меч.

Од другата страна, Реал сосиедад, под водство на Иманол Алгуацил, доаѓа со самодоверба по ремито на домашен терен. Алгуацил ги отфрли шпекулациите дека неговиот тим е фаворит, велејќи дека Манчестер Јунајтед е голем клуб и сериозен кандидат за титулата во Лига Европа. Реал Сосиедад покажа цврстина во првиот меч и ќе се потпре на својата организирана одбрана и брзи контранапади.

Манчестер Јунајтед можеби има предност на домашен терен и поддршка од трибините, но Реал Сосиедад докажа дека може да биде незгоден противник, посебно за ситуацијата во која се наоѓаат „црвените ѓаволи“ во овој момент.

На останатите средби играат од 18:45 играат Атлетик Билбао – Рома, Ајнтрахт – Ајакс, Лацио – Викторија Плзен, Олимпијакос – Бодо Глимт,  додека Лион – ФСЦБ, Манчестер јунајтед – Реал сосиедад, Ренџерс – Фенербахче, Тотнем – АЗ Алкмар се среќаваат во терминот од 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани