Сопругата на Зидан би можела да застане на неговиот пат за преземање на кормилото во Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

И натаму се
зголемува притисокот врз Оле Гунар Солшер на клупата на Манчестер јунајтед, а
норвешкиот фудбалски стратег претстојниов викенд на гостувањето кај Ватфорд
едноставно нема право на грешка.

Зинедин Зидан се
најавува како главен кандидат за клупата на „Црвените ѓаволи“, а „Рекорд“
извести дека на францускиот фудбалски стратег му се допаѓа идејата за големиот
предизвик, но, со таа идеја наводно не се сложува неговата сопруга.

Вероник Зидан
наводно не сака да живее во Манчестер, па наместо тоа, таа преферира неговиот
сопруг да продолжи со својот одмор од фудбалските обврски, но и да пронајде
некој друг ангажман наместо Манчестер јунајтед.

Изборот на
челниците на Манчестер јунајтед се стесни откако Антонио Конте го презеде
кормилото на Тотнем, а тренерот на Лестер, Брендон Роџерс и покрај фактот што
беше тренер на лутиот ривал Ливерпул исто така е помеѓу можните кандидати.

Во меѓувреме, Кристијан Фалк од „Билд“ пренесе дека Зидан наводно им пренел на челниците на Манчестер јунајтед дека не е подготвен за предизвик во Премиерлигата во моментов, а преферира да одмори до идното лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×