Сонот за Лигата на шампиони останува жив, Ливерпул по седум години победи на Олд Трафорд (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Трката за топ
четири станува возбудлива, Ливерпул фати приклучок откако Челси синоќа загуби
од Арсенал а избраниците на Клоп вечерва триумфираа на гости кај Манчестер
јунајтед.

Фернандеш ги
донесе „ѓаволите“ во предност по десет минути игра, но до крајот на првиот дел,
Ливерпул направи пресврт. Жота погоди за 1-1 во 34. минута, а длабоко во
судиското надополнување, Фирмино реализираше за 1-2.

На стартот од
вториот дел, Фирмино искористи една несигурна одбрана на Хендерсон и зголеми на
1-3, за Рашфорд да намали на 2-3 во 68. минута и да најави интересна завршница.

Избраниците на
Солшер во финишот тргнаа во целосна офанзива, Матиќ погреши, Салах тргна во
контра и рутински ја затресе мрежата за 2-4 и прва победа на Ливерпул на Олд
Трафорд по 2014 година.

Ливерпул сега има
60 бодови, 4 помалку од Челси и 6 помалку од Лестер, но има и натпревар помалку
а во прилог му оди и тоа што Челси се среќава со Лестер следната недела.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани