Двоецот на
Тотнем, Хари Кејн и Сон Хјунг-мин функционираше беспрекорно добро на теренот
изминатата сезона, меѓутоа дури и тоа не им помогна на „Спарси“ да обезбедат
место во Лигата на шампионите за идната сезона.
27 годишниот Сон
во моментов ги обавува своите обврски кон селекцијата на Јужна Кореја, а беше
запрашан и за моменталните случувања со Кејн, за кого извесен период се
шпекулира дека е пред заминување од „Спарси“, а се наведува ривалот Манчестер
Сити како негова следна дестинација.
„Се уште ништо не
е одлучено, наместо да се грижам за неговиот трансфер, јас го давам максимумот
за Тотнем“ рече Сон.
„Сакам да се
фокусирам на националниот тим и Тотнем, можеби и Кејн го прави истото, тој во
моментов е зафатен подготвувајќи се за Европското првенство“ додаде Кореецот.
На Островот
известија дека Тотнем е во преговори со Антонио Конте за нов тренер по отказот
за Жозе Мурињо, а Сон не сакаше да ги коментира шпекулациите околу
италијанскиот фудбалски стратег.
„Не би сакал да
коментирам на оваа тема, Конте се уште не пристигнал, морам да бидам
внимателен, се уште не е потврдено, а не знам дали Тотнем бара нов тренер, или
воопшто не го прави тоа, ќе го дадам најдоброто од себе во било каква позиција“
нагласи Кореецот.