Се верува дека дел од играчите на Тотнем не беа во добар однос со Мурињо, но оние најдобрите, кои гинеа на теренот имаа голема почит кон Португалецот.
„Немам зборови да опишам како се чувствувам, беше задоволство да се работи со тебе, жал ми е што работите не испаднаа како што треба, благодарен сум за времето што го имавме заедно. Со среќа и се најдобро во иднина“, напиша Сон.

Огромна благодарност искажа и Лукас Мура кој напиша: „Ти благодарам шефе за пеиродот во кој созреав многу и професионално и лично. Благодарен сум ти тебе и на стручниот штаб. Немам зборови со кои можам да опшам честа и гордоста што работев со тебе. Нека Бог те благослови во следниот предизвик, секогаш ќе навивам за тебе“.

Емотивни пораки Мурињо доби и од Кејн, Хојбјерг, Дејвис, Дајер, Танганга и дел од младинците на кои им даде шанса да дебитираат за првиот тим.