450
Сон има актуелен договор доо 2023 но се шпекулира дека наскоро би требало да потпише нов побогат договор со подолго време на траење.
„Не знам, немам вести за тоа“, одговори Мурињо запрашан за новиот договор на Сон.
„Јас не сум тој кој ги има парите во клубот, не сум ниту сопственик ниту извршен директор, тоа не е прашање за мене, тие знаат дали и каков договор можат да му понудат на Сон“.
„Периодов е чуден, различен од претходно, но верувам дека Сон и г-дин Леви сакаат соработката да продолжи, а доколку е возможно сакаат таа да трае до крајот на кариерата. Верувам дека Сон ќе потпише нов договор, но не верувам, а ниту барам тоа да се случи сега, сега не е момент за тоа“.