522
Финансиска полиција синоќа влегла во канцелариите на Јувентус и прибирала документи за трансфер активностите во последните три години.
Последните информации велат дека сомнителни се 42 трансфери, најпознат е зделката со Барса со која Миралем Пјаниќ и Артур Мело ги заменија клубовите. Со нереално вреднување на трансферите Јувентус остварил капитална добивка од 282 милиони евра.
Се говори дека под лупа е и економската соработката на Јувентус со Кристијано Роналдо.
Поранешниот спортски директор Фабио Паратичи бил главниот оперативец на „штелувањето“ на сметките но за ова знаел и бил информиран и првиот човек на клубот, Андреа Ањели.