Сомнителен пенал го врати Интер во живот па Перишиќ со „голазо“ донесе титула во Купот на Италија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер по втор пат
оваа сезона го совлада Јувентус во натпревар за титула, по Суперкупот, избраниците
на Симоне Инзаги стигнаа и до трофејот од Купот на Италија.

Вечерва во Рим,
„нероаѕурите“ славеа со 2-4 во супер возбудлив натпревар. Резултатот беше
отворен во 7. минута, Барала од врвот на шеснаесетникот прекрасно погоди во
аголот за 0-1.

Јувентус направи пресврт
за само две минути на стартот од вториот дел, Алекс Сандро изедначи на 1-1 за
Влаховиќ од втора да погоди за 2-1.

Сомнителен пенал
го врати Интер во живот на десет минути пред крајот, Чалханоглу биеше
неодбранливо за 2-2 и продолженија.

Во првите екстра
15 минути, судијата со помош на ВАР по втор пат досуди најстрога казна во
корист за Интер а Перишиќ беше сигурен за 2-3.

Пет минути
подоцна, Хрватот постигна „голазо“, ја прими топката со десна, па со лева испука
„проектил“ од работ на шеснаесетникот за 2-4.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани