Медиумите од „островото“ пренесуваат дека младата ѕвезда на Челси, Естевао има сериозна повреда на задната ложа и големи се шансите да го пропушти мундијалот во САД.
Естевао се повреди пред неколку дена на пресметката помеѓу Челси и Манчестер јунајтед, а по крајот на натпреварот, Лијам Росениор откри дека младото момче плачело во соблекувалната.
Очигледно солзите на Бразилецот не биле случајни, како што пренесува Атлетик, тој заработил сериозна повреда на задната ложа.
Во моментов не е познато колку долго Естевао ќе биде надвор од терените, но извештајот вели дека големи се шансите офанзивниот фудбалер да го пропушти Светското првенство.
Младата ѕвезда на Челси имаше загарантирано место во составот на Анчелоти, па стратегот ќе треба да почне да размислува кого сега да го вметне во тимот.
Многумина посочуваат дека пехот на Естевао е добредојден за Нејмар и се зголемуваат неговите шанси а за враќање во репрезентацијата, и напаѓачот на Сантош да се појави на мундијалот во САД.