Солскјер не сака Јунајтед да биде како Ливерпул: Секоја година викаат дека е нивна, но веќе во октомври…

by
2 минути читање

Фановите на
Ливерпул се надеваат дека оваа сезона конечно ќе го прекинат долгиот пост и по
29 години ќе се радуваат на титула во Премиерлигата. „Црвените“ имаат ист број
на бодови со Манчестер Сити но и натпревар помалку во пресрет на денешното
гостување кај лутиот ривал Манчестер јунајтед.

„Ѓаволите“ откако
замина Сер Алекс Фергусон во 2013 се мачат, и не само што не се блиску до
битката за титулата, имаа и сезони кога не беа ниту во топ четири на табелата.

Оле Гунар
Солскјер вели дека Манчестер јунајтед не смее да западне во пост како Ливерпул
и додава дека е подобро да се постават високи цели и да не се остварат истите
наместо да се тргне со премали очекувања и да се биде среќен кога тие ќе бидат
остварени.

„Ја немаме
освоено титулата неколку години и мораме да целиме кон враќање на шампионски
патеки. Не смееме да дозволиле да бидеме среќни со тоа што сме во топ четири.
Доколку целите ниско и го остварите она што сте го зацртале, тоа е многу
поопасно од тоа да поставите високи цели и да не ги остварите“
– вели Норвежанецот.

„Тешко е тука да
се освои првенството. Ова веројатно е најсилната лига и доколку погледнете, има
само пет или шест тима кои триумфирале во Премиерлигата. Лестер успеа, и тоа
беше чудо, претходно и Блекбурн стана шампион, а во другите случаи, неколку
големи тимови ги поделија титулуте помеѓу себе“.

И покрај тоа што
рече дека е прерано за психолошка војна со Јирген Клоп, Оле Гунар Солскјер реши
да испрати мала провокација: „Дома имам многу пријатели навивачи на Ливерпул, и
секоја година тие кажуваат дека ќе биде нивна. Но веќе во октомври велат, „ОК,
следната година ќе биде“. Тие сега се во трката за титулата, и ги чека
возбудлив финиш на првенството. Но тоа не е наша грижа. Ние мораме да се
фокусираме само на она што не чека нас“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани