Солшер знае како Погба може да остане, но дали Манчестер јунајтед може да го направи тоа

by
1 минути читање

Откако се врати во Манчестер јунајтед, Пол Погба освои два трофеи со Жозе Мурињо, Лига Европа и Лига купот, со Солшер клубот се уште нема освоено титула.

Мино Рајола најави заминување на Погба во јануари или јуни, но Солшер верува дека тој може да остане, само треба клубот да освои трофеј.

„Од Манчестер јунајтед секогаш се бара да се освојуваат трофеи. Колку повеќе трофеи освојуваме толку повеќе играчи сакаат да играат за нас“, вели Солшер.

„Погба веќе некое време е тука и се разбириа тој сака да освојува повеќе трофеи“.

„Се однесува добро на тренинзите и натпреварите. Го сака фудбалот, амбициозен е, сака успех како и останатите“.

„Би рекол дека овој тим ме импресионираше со своето однесување и дух во последно време и начинот на кој работат“.

„Се разбира дека од нас зависи дали ќе освојуваме трофеи, и ако го правиме тоа мислам дека сите ќе сакаат да останат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×