Манчестер
јунајтед викендов гостува кај Лестер во осмото коло од Премиерлигата, а
претходното на свој терен одигра 1-1 со Евертон, меч по кој Оле Гунар Солшер се
здоби со низа критики поради фактот што Кристијано Роналдо го смести на клупата
за резерви, а во игра го вметна во 57 минута, при водство на „Црвените ѓаволи“.
„Јас сум
тренерот, јас ги менаџирам играчите за клубот, убаво е да го имаме Роналдо на
теренот бидејќи тој секогаш ќе придонесе во играта на противничката половина,
колку повеќе го имаме на теренот, толку подобро за нас“ рече Солшер.
„Тој е
неверојатен фудбалер, неверојатен голгетер, исклучително професионален, тешко е
да го изоставите од натпреварот, а јас сметам дека ниту еден наш противник не
би сакал да го гледа во нашиот тим, сепак, би било одлично доколку може да се
игра со истиот почетен состав на шест меча во исто толку и денови“ додаде тој.
„Меѓутоа,
потребна ни е ротацијата, а сето тоа за во април и мај сите да бидат во полн
ритам, потребно ни е тоа, ние во ланската сезона пристигнавме во мај премногу
уморни“ заклучи Норвежанецот.