185
Кавани даде вкупно четири голови од осумте во двобојот меѓу Манчестер јунајтед и Рома, неговите погодоци беа клучни за пласманот во финалето од Лига Европа.
„Причината поради која сме тука е тоа што имаме центарфор кокј постигна четири голови за време на овој дуел“, вели Солшер.
„Единсон покажува зошто сакаме да го задржиме на Олд Трафорд“.
„Фудбалот има свој сопствен јазик. Единсон го покажа тоа вечерва, на претходните натпревари и во текот на кариерата, покажа за каков напаѓач се работи ии што може со и без топката, неговата подготовка за натпреварите и опоравувањето по натпреварите…“.
„Тој е апсолутно врвен професионалец и сите во мојот тим можат да учат од него“.