„Индипендент“
тврди дека Манчестер јунајтед уште сега го поставил Деклан Рајс од Вест Хем
како примарна цел за засилување за идното лето.
Предводникот на „Црвените
ѓаволи“, Оле Гунар Солшер во 22 годишниот Рајс гледа токму тоа што му
недостасува на неговиот тим, особено по ангажманот на Кристијано Роналдо,
Џејдон Санчо и Рафаел Варан.
„Индипендент“
додава дека во националниот состав на Англија, некои од фудбалерите на
Манчестер јунајтед се шегувале со Рајс околу неговиот потенцијален трансфер на
„Олд Трафорд“.
Се верува дека
Рајс не бил среќен со тоа што „Чеканите“ поставиле цена во висина од 100
милиони фунти за неговите услуги, а тој инаку има активен договор со важност до
2024 година, што на клубот од Лондон му дава добра предност во преговорите за
негова продажба.