Солшер вели дека Погба преговара за нов договор, но не знае како ќе завршат преговорите

by
1 минути читање

Оле Гунар Солшер потврди дека во тек се преговори меѓу Погба и Манчестер јунајтед и се надева дека и во новата сезона ќе го има французинот на располагање.

„Во тек се преговорите меѓу претставници на Погба и клупски претставници. Се што сум слушнал досега од Погба е дека гледа позитивно кон новата сезона“, вели Солшер.

„Секогаш има шпекулации за Погба, не знам детали од преговорите, не можам ништо повеќе да кажам“.

„Погба знае дека сакаме да го задржиме, јас уживам да работам со него и се надевам дека ќе продолжиме да работиме заедно“.

„Погба секогаш тука се однесувал како голем професионалец и бил подготвен да го дава најдоброто од себе за тимот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×