Солшер: Среќен сум што клубовите ја признаа грешката, сакам да го заслужам местото во Европа

by
1 минути читање

Семејството
Глејзери како мнозински сопственици во Манчестер јунајтед (98%) се под голем
притисок да си заминат од клубот откако истиот се најде како дел од Европската
Супер Лига, а на навивачите воопшто не им се допадна таа идеја.

Извршниот
потпретседател на Манчестер јунајтед, Ед Вудворд си поднесе оставка, а клубот
се повлече од идејата за Суперлигата, а нејзиното пропаѓање како идеја се чини
дека му се допадна на предводникот на „Црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солшер.

Не ми се
допаѓаѓе концептот на тоа натпреварување, тоа мора да биде врз основа на
спортско мерило, сакам да го заслужам местото во Европа, ние сме дел од
европските натпреварувања сме долги години, сакаме повторно да испишеме успешна
европска приказна, една од моите најубави ноќи во животот ми се случи во Лигата
на шампионите, а работевме доста напорно за тоа да го оствариме
“ рече Солшер,
за момент алудирајќи и на пораката која ја испратија другите клубови во
Премиерлигата до големата шесторка „Заслужете го местото во Лигата на
шампионите“.

Меѓутоа не може
да му доделите некого одредено место само поради името на клубот и неговата
големина, секогаш верував дека најдобрите перформанси на теренот се
единственото нешто преку кое се доаѓа до таква позиција, а тоа не беше дел од
оваа идеја
“ додаде Норвежанецот.

Среќен сум што
клубовите ја признаа својата грешка дека ова беше една лоша идеја
“ заклучи
предводникот на „Црвените ѓаволи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×