Солшер: Секогаш сум уживал во критиките, нека продолжат да доаѓаат

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер смета дека критиките го
направиле посилен, а сево ова доаѓа по убедливиот триумф на гости кај Тотнем со
0-3, по поразот на свој терен од Ливерпул со убедливи 0-5.

Критиките би
можеле да ви донесат одредени сомнежи во самите себе си, а од друга страна би
можеле да ви донесат причини за поголемо залагање
“ рече Солшер.

Јас секогаш сум
уживал во критиките, нека продолжат да доаѓаат
“ додаде норвешкиот фудбалски
стратег во пресрет на мечот со Аталанта во Лигата на шампионите.

Новинарите,
експертите, аналитичарите, сите ние имаме различни професии, не сум на оваа
позиција за да се карам со нив, не би сакал со никого да навлегувам во конфликт

подвлече Солшер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×