111
Солшер доживеа елиминација од Карабао Купот, Лигата на шампионите ја стартуваше со пораз од Јанг Бојс, а Манчестер јунајтед загуби на свој терен и од Астон Вила во Премиерлигата. Па притисокот врз Оле е се поголем.
„Притисокот е привилегија. Ако работите во вакво опкружување мора да го прифатите притисокот“, вели Солшер.
„Имам поддршка од клубот и процесот се одвива добро. Поддршката ми кажува дека се држиме до планот, но ние сме во бизнис кој зависи од резултатите. Тука сме да победуваме“.
„Напредувавме. Очекувањата се поголемии со новите засилувања и подобрите перформанси. Тука сум за да освојуваме“.