Хаверц кој идната недела ќе наполни 21 година, изнудува најмногу воздишки оваа сезона во Бундеслигата. Тој стана мета на многу клубови, а Баер Леверкузен од неговото заминување планира добро да заработи.
Според англиските медиуми Манчестер јунајтед е лидер во трката по Хаверц, тие планираат да почнат со понуда од 50 милиони фунти, но се верува дека ќе треба да дадат повеќе за да го добијат офанзивниот фудбалер.
Манчестер јунајтед веќе работи на ангажман на Џејдон Санчо кој синоќа постигна хет-трик во победата на Борусија Дортмунд над Падерборн од 6-1.
Санчо се верува дека чини повеќе од 100 милиони евра.
Но, тоа не е се, Манчестер јунајтед веќе го има договорено трансферот на Саул Нигез кој официјално се очекува да биде објавен во наредните денови.
Ваквите информации наговестуваат доминација на Манчестер јунајтед на трансфер пазарот, се чини дека раководството на клубот е решено да му ги исполни желбите на Солшер кој ќе почне да создава силен тим за иднина.