Солшер не е Мурињо, Манчестер јунајтед откри колку му платил на Норвежанецот за отказот

by
0 минути читање

По серијата слаби
резултати и само една победа на седум натпревари во Премиерлигата, Манчестер
јунајтед му врачи отказ на Оле Гунар Солшер во ноември минатата година.

„Ѓаволите“ сега
ги соопштија финансиските резултати до 31. декември и открија колку ги чинел
потегот да се разделат со тренерот. Клубот од Олд Трафорд исплатил 10 милиони
фунти на Оле Гунар Солшер и неговите соработници.

Оваа сума е
речиси двојно помала од онаа која беше одвоена за отказот на Жозе Мурињо во 2018
година, тогаш „специјалниот“ и неговите помошници поделија 19,6 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×