Солшер: Мечот против Ливерпул е тест за нашата реалност

by
1 минути читање

По лошиот старт на сезоната, Манчестер јунајтед влезе во фантастична серија и сега е прв на табелата во Премиерлигата. Во недела од 17:30 часот го имаат најголемиот предизвик досега, дуел со шампионот Ливерпул на Енфилд.

„Секој тим влегува во секој натпревар мислејќи дека може да победи. Ние знаеме дека можеме да победиме секого, секаде и било кој ден. Па да можеш да влегуваш во натпреварите со таа мисла, со тоа чувство дека ако одиграме најдобро можеме да победиме, тоа е добро чувство“, вели Солшер.

„Ова ќе ни биде тест за реалнста, каде сме навистина, бидејќи Ливерпул на Енфилд е еден од најголемите предизвици. За да ги победиш нив, на нивен терен треба да си навистина на твоето најдобро ниво“.

„Тие се неверојатни на домашен терен. Мора да се бориме за секој сантиметар од теренот. Секој мал детал може да биде клучен за овие натпревар“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×