545
Информациите велат дека по пет часовни разговори, одлучено е Оле Гунар Солшер да добие отказ.
Клубот сака заминувањето на Солшер да биде со взаемна согласност со цел да му плати помало обесштетување од тоа што треба да го добие.
Доколку не успее да се договори со Солшер за помало обесштетување, Манчестер јунајтед ќе треба да му плати на 7,5 милиони фунти на Норвежанецот.
Се очекува уште во текот на утрешниот ден (недела), отказот на Солшер и официјално да биде соопштен.
Прва желба на Јунајтед за наследник на Солшер е Зинедин Зидан.