132
Очајните изданија на Манчестер јунајтед во последно време го позиционираат Оле Гунар Солшер на првото место за можен следен отказ во Премиерлигата.
За многумина дури и несфатливо е како тој се уште е тренер на Манчестер јунајтед, но Норвежанецот се уште има поддршка од раководството. Прашање е до кога.
Втор кандидат за отказ е тренерот на Норич, Даниел Фарке, на третото место е позициониран Клаудио Раниери иако тој само што пристигна во Ватфорд.
Потоа следуваат Дин Смит и Нуно Еспирито Санто.