Солшер е наречен слабак поради ситуацијата на Варан

by
1 минути читање

Варан го сакаше дресот со број 4, но тој го има Фил Џонс кој не сакаше да се откаже од својот број иако последен пат одиграл меч за Манчестер јунајтед во јануари 2020 година во ФА Купот. Французинот мораше да се задоволи со дрес со број 19.

Според Ричард Кејс, Солшер во оваа ситуација морал да покаже цврст карактер и да му го земе бројот на Фил Џонс бидејќи и онака не смета на неговите услуги.

„Само уште еден мал проблем кој може да се развие – доколку Варан сакал да го носи дресот со број 4, кој ни кажаа дека сакал, тогаш требаше да му биде даден“, вели Кејс.

„Солшер требаше да му каже на Фил Џонс: „Одбери некој број над 30 Фил. Ти не си во моите планови. Нема да играш. Го сакам твојот број назад“.

„Солшер беше слабак. И таа карактеристика може да се развие во иднина. Треба да биде посуров“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×