Шефот на
стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер ќе биде награден за
прогресот на „Црвените ѓаволи“, со тоа што ќе добие нов договор од клубот на
три години, а со истиот ќе има годишна плата од 10 милиони фунти.
Со тоа Солшер би
добил зголемување на својата плата за 2,5 милиони фунти, а се верува дека извршниот
потпретседателот на клубот од „Олд Трафорд“, Ед Вудворд е убеден во тоа дека
клубот се движи во вистинската насока.
Манчестер
јунајтед во моментов се наоѓа на второто место на табелата во Премиерлигата по
29 одиграни кола, а истовремено е во четвртфиналето од Лига Европа откако го
елиминираше Милан во осминафиналето, па се најде на првото место кај фаворитите
за пехарот од тоа натпреварување според букмејкерите.