78
Наполи соопшти дека покрај Пјотр Зиелински позитивен на коронавирус е и нашиот фудбалер Елиф Елмас.
„Резултатите од последните четири теста открија дека Елиф Елмас е позитивен на ковид-19“, стои во соопштението на Наполи.
Тоа значи дека Игор Ангеловски за мечот со Косово нема да може да смета на еден од клучните играчи во националниот тим.
Се уште не се знае дали Горан Пандев ќе дојде и покрај тоа што е негативен.
The results of the last four tests have revealed that Elif Elmas has tested positive for Covid-19.
— Official SSC Napoli (@en_sscnapoli) October 3, 2020