Фудбалскиот клуб Бачка Топола информираше за трагична вест која ги погоди, нивниот тренер Золтан Сабо почина поради проблеми со срцето, тој имаше само 49 години.
Сабо од третата лига го однесе тим на Бачка Топола во српската Суперлига а минатата сезона испиша историја за овој клуб откако го пласираше во Европа освојувајќи го четвртото место во домашното првенство.
Како играч тој имаше богата кариера, настапуваше за неколку српски клубови меѓу кои Војводина и Партизан, а добар дел од кариерата помина и во странство, играше за АЕК Ларнака, Сувон, Фукоку и Залагерсберг.
За Бачка Топола смртта на Сабо е шокнантна и огромна загуба.
Neshvatljivo… Počivaj u miru, šefe…
Felfoghatatlan… Nyugodj békében, mester… #fktsc #szabózoltán pic.twitter.com/xS1JJhJ7xQ
— FK TSC (@FK_TSC) December 15, 2020