88
Франција важеше за голем фаворит против Унгарија која овој меч го играше на домашен терен во Будимпешта пред полн стадион.
Французите напаѓаа, Унгарија се бранеше и се обидуваше од контра напади да постигне гол.
При една таква ситуација во 45. минута Фиола постигна гол за делириум на гледалиштето и водство на Унгарија од 1-0.
Во вториот дел Франција тргна уште поодлучно, овој пат кон израмнување и тоа се случи во 66. минута кога една одбиена топка дојде до Гризман, тој постигна погодок за 1-1.
До крајот на натпреварот Франција со сите сили се бореше да го сврти резултатот и да дојде до победа, но Унгарија ги издржа притисоците и на крајот заслужено се радуваше на бод.