Проблемите во
однос на повредите со Осман Дембеле продолжуваат откако францускиот репрезентативец се здоби со
повреда на мечот против Унгарија каде „Триколорите“ одиграа само реми со
резултат 1-1 во второто коло од групната фаза на Европското првенство.
24 годишниот крилен
напаѓач се здоби со кинење на тетивата на бицепсот од десната нога, а Барселона
во соопштението во јавноста објави дека тој се согласил на оперативен зафат, а
се верува дека би можел да отстуствува најмалку четири месеци.
Судејќи според
новонастанатата ситуација, тешко дека Барселона ќе му го продолжи договорот на
својот фудбалер чиј актуелен му истекува идната година, па мошне веројатно е
дека тој идното лето ќе си замине како слободен агент на трансфер пазарот.
Ова секако е голем проблем и за Каталонците кои откако наидоа на негативен одговор од Дембеле за последната понуда за продолжување на договорот, сега ќе наидат и на драстично пониска цена на пазарот при обидот за негова продажба, а како заинтересирани екипи се споменуваат Ливерпул и Јувентус.