88
На натпреварот
помеѓу Атлетико Насионал и Депортиво Кали во рамките на колумбискиот фудбалски
шампионат, дојде до неочекуван судир на двајца соиграчи од една иста екипа, а
причина за тоа беше кој да го изведе слободниот удар.
Желсон Лусуми и
Дајро Морено во 88. минути едвај беа одвоени во нивниот меѓусебен судир, а едниот се здоби и со црвен картон откако направи и физички контакт.
Сепак, сигурно
дека имало и трето полувреме од тој настан, според начинот на кој Морено се
упати кон соблекувалната на својот тим, веројатно имал уште нешто што сакал да
му „докаже“ на Лусуми, кој претходно поради таа ситуација предвреме беше
испратен во соблекувалната.