Бетис остана во игра за местата во Лигата на шампиони откако вечерва со пресврт во второто полувреме стигна до триумф од 1-2 против Еспањол, херој на гостите е Антони, кој мајсторски погоди во 91. минута.
Антони се препороди откако во јануари го напушти Манчестер јунајтед и се пресели во Бетис на позајмица.
Бразилецот вечерва одново беше херој на „зелено-белите“, постигна страшен гол во финишот за триумф од 1-2 на гостувањето кај Еспањол.
Во 91. минута од мечот, Антони од работ на шеснаесетникот со ефе погоди право во спротивниот агол, неговите соиграчи се фатија за глава, а фудбалерите на Еспањол не можеа да поверуваат како останаа со празни раце откако на полувремето водеа со 1-0.
Yamal is an active subscriber to Antony’s YouTube channel. La Liga haven’t seen anyone like him before. GOAT🐐 pic.twitter.com/FwMO3ERGEy
— 39 (@39billion) May 4, 2025