Соиграч од Јувентус открива што јаде Роналдо пред секој натпревар и додава: Пие многу вода, никогаш Кока-кола!

by
1 минути читање

22 годишниот Дауда Петерс е единствениот фудбалер од Белгија кој имал
прилика да игра покрај Кристијано Роналдо, па во пресрет на дуелот помеѓу
Белгија и Португалија на ЕВРО 2020, тој откри дел од навиките на ЦР7.

Запрашан што јаде напаѓачот на денот на натпреварите, Дауда Петерс вели:
„Секогаш исто. Брокула, ориз и пилешко. Пие многу вода и секако, никогаш Кока-кола!“

Дауда Петерс, кој е дел од У23 тимот на Јувентус, потоа проговори за работата
и трудот кои ги вложува Кристијано Роналдо.

„Еден ден решив да одработам екстра тренинг во теретаната и секако, таму
беше Кристијано. Ми даде некои совети, бев импресиониран. Кристијано има
перфектно тело за фудбалер, иако и јас имам прилично добра мускулатура, тој ден
си помислив, „Ме чека уште многу работа“. Не можете да се споредувате со него, како
манијак работи на себе и тоа со години…“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×