Соиграч на Елмас требаше да седи во карантин но играше против Јувентус и сега е позитивен на ковид-19

by
1 минути читање

Во Серија А
одново ќе има натегање околу протоколите, Пјотр Зелински е позитивен на ковид-19.

Во четвртокот,
Полјакот доби наредба од локалните здравствени власти (АСЛ2) да седи во
изолација пет дена поради директен контакт со позитивен случај, но тој не ја
следеше насоката и настапи против Јувентус.

Доцна синоќа,
Наполи соопшти дека Пјотр Зелинск
и е позитивен, нема симптоми и според протоколите, е во домашна
изолација.

Фудбалерот од
средниот ред прележа ковид во октомври 2020 и имаше примено две дози вакцина,
па останува да се види како овој случај ќе влијае врз спроведувањето на протоколите
и одлуките на локалните здравствени власти (АСЛ).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×