Соблекувалната на Реал зазела страна по тепачката помеѓу Валвере и Чуамени, сметаат дека едниот претерал

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека соблекувалната на Реал Мадрид зазела страна по тепачката помеѓу Феде Валверде и Орелиан Чуамени, сметаат дека Уругваецот претерал со острите стартови и лесно можел да го повреди Французинот.

Феде Валверде го извлече подебелиот крај по тепачката со Орелиан Чуамени, заврши во болница на шиење и со „трауматска повреда на главата“.

Но како што пренесува „Ел Чирингито“ тој ја загубил и поддршката во соблекувалната, соиграчите сметаат дека Уругваецот ја преминал границата со своите стартови на тренинг, дури и со намера да го повреди, додека Орелиан Чуамани покажал големо трпение.

Фудбалерите на Реал Мадрид се на страната на Орелиан Чуамени по инцидентот кој ја одбележа неделата пред „Ел Класико“ и прстот го вперуваат во Феде Валверде, кој бил премногу груб и отишол предалеку во дуелите со Французинот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×