Соблекувалната на Челси не може да поверува што направи Лукаку, мислат дека напаѓачот има задна намера

by
1 минути читање

Ромелу Лукаку е
во фокусот на фудбалската јавност откако пред нова година беше емитувано
интервју во кое фудбалерот изрази незадоволство од својата ситуација во Челси и
тоа што Томас Тухел има други тактички замисли.

Тренерот на Челси
не му прогледа низ прсти на Ромелу Лукаку и го исфрли од тимот за дербито со
Челси, за ова добил поддршка од четворица постари фудбалери.

Според пишувањата
на Атлетик, практично никој во соблекувалната нема разбирање за Ромелу Лукаку, сите
биле збунети од интервјуто и не можеле да поверуваат што направил напаѓачот.

„Разговарав со
еден од играчите и го прашав дали некој му дава поддршка на Лукаку. Одговори со
НЕ. Никој не може да поверува што направи“
– вели извор од Челси.

Дел од
фудбалерите исто така сметаат дека Ромелу Лукаку имал задни намери и на овој
начин се обидел да изнуди трансфер во јануари. Останува да се види каква ќе
биде разврската, денеска ќе има кризен состанок по кој ќе се добие јасна слика
за иднината на фудбалерот од Белгија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×