Медиумите од Шпанија пренесуваат како реагирала соблекувалната на Барселона на гласините за ангажман на Маркус Рашфорд, фудбалерите сметале дека овој месец главниот фокуст требал да биде на новите договори.
Барселона се посочуваше како една од опциите за Маркус Рашфорд, се говореше дека напаѓачот до последен момент ќе ги чека „каталонците“ да отворат место во буџетот.
Сепак, една ваква зделка не се реализираше, Англичанецот на крајот се пресели на позајмица во Астон Вила.
Во меѓувреме, медиумите од Шпанија откриваат како реагирала соблекувалната на Барселона на овие гласини кои кружеа со недели.
Фудбалерите се чуделе на оваа зделка и сметале дека тоа е погрешен потег. Тие немале ништо против Маркус Рашфорд како фудбалер, едноставно сметале дека главниот фокус требал да биде на новите договори.
Токму тоа и се случи, Барса ја продолжи верноста на Араухо, Педри и Гави.