6
Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, ја продолжува соработката со својот капитен Дарко Анѓелески, кој и во сезоната 2026/2027 ќе остане дел од кратовскиот тим.
Клубот официјално ја потврди новата соработка со искусниот играч од средниот ред, кој веќе четири сезони е меѓу клучните фигури во составот. Со својата стабилност, лидерство и професионален пристап, Анѓелески се етаблира како еден од столбовите на екипата.
Досега тој има одиграно 120 натпревари во дресот на Силекс, при што остави значаен белег во тимот од Кратово.