Во интервју за
Раио Спорт, контроверзниот агент говореше за иднината на неколку свои клиенти.
Алесио Ромањоли
ја одработува последната година од договорот со Милан, двете страни никако да
пронајдат заеднички јазик за продолжување на соработката па Мино Рајола вели
дека лесно може да се случи дефанзивецот да заврши во Јувентус, и да игра заедно со уште
еден негов клиент, Матајс де Лихт.
Но со Мино Рајола
никогаш не си на чисто, па агентот додава дека Матајс де Лихт би можел да
замине од „Алианц Арена“ бидејќи имало голем интерес.
„Мислам дека
Ромањоли и Де Лихт се помеѓу најдобрите дефанзивци во Европа. Договорот на
Ромањоли истекува следната година, и мислам дека следната сезона можат да
играат заедно во Јувентус“ – вели Рајола.
„Но внимавајте,
бидејќи Де Лихт може да замине од Јувентус по крајот на сезонава. Таков е
трансфер пазарот, многу клубови сакаат да го ангажираат“.