Анталијаспор има
одлична сезона, барем засега, по 15 кола се наоѓа на третото место на табелата
со само четири бода заостанување зад лидерот Истанбул Башакшехир, а изминатиов
викенд славеше на гостувањето кај Бурсаспор со 0-2.
Домаќините тешко
се помирија со овој пораз, а на истиот во бележникот на главниот арбитар од
средбата влегоа дури четворица од нивниот табор, еден од нив беше и Бразилецот
Алано.
Во Турција, а
воедно и пошироко, доста интересен беше моментот кога Фират Ајдинус му додели
жолт картон на Бразилецот, иако овој протестираше, Ајдинус сакаше да му покаже
на Алано кој е кој на теренот…
Ya canım abicim,senin işin tansiyon düşürmek,futbolcu psikolojisini anlayıp ona göre hareket etmek..
Tokat gibi sarı gösteririm,sonrada bakışımla öldürürüm nedir yahu?? 🙂 pic.twitter.com/tU50x3G8Rm
— Cem Göncü (@cemgonc) December 9, 2018