Со авионот на Бразил дома се вратил само еден фудбалер

by Стефан
1 минути читање

По разочарувачката елиминација во осминафиналето на Светското првенство од Норвешка (2:1), во Бразил се врати само еден репрезентативец, искусниот Данило.

„Кариоките“ уште еднаш не успеа да ги оправда очекувањата, откако петти Мундијал по ред го завршува порано од посакуваното. По четирите последователни елиминации во четвртфиналето, овојпат Бразил беше запрен уште во осминафиналната фаза.

Делегацијата на бразилската репрезентација брзо го напушти САД, но во Рио де Жанеиро пристигна само искусниот дефанзивец на Фламенго. Репрезентативците кои настапуваат за европски клубови добија слободни денови и веднаш заминаа на одмор на различни дестинации, додека фудбалерите од бразилското првенство имаат само една недела пауза пред враќањето на клупските обврски.

Фламенго го претставуваа уште тројца фудбалери: Алекс Сандро, Лео Переира и Лукас Пакета. Во составот беа и Нејмар од Сантос, како и Данило Сантос од Ботафого, но ниту еден од останатите играчи од домашното првенство не бил во авионот што се врати во Бразил.

Ниту селекторот Карло Анчелоти не отпатува со репрезентацијата. Италијанскиот стратег замина во Ванкувер, каде што ќе помине неколку дена на одмор, по што ќе започне со подготовките за следните обврски на бразилската репрезентација и септемврискиот репрезентативен циклус на ФИФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×