151
Снајдер кој минатата сезона се пензионираше, кариерата ја почна во Ајакс, потоа играше во Реал Мадрид, па со Интер ја освои тројната круна и наместо во нов гигант од силните првенства во најдобрите години реши да се пресели во Галатасарај. За холандската репрезентација има 134 натпревари.
Иако ретко кој може да се согласи со него, тој вели дека ако се жртвувал како Роналдо и Меси, би можел да стане и тој како нив.
„Можев да бидам како Меси и Роналдо, но едноставно не се чувствував така. Уживав во животот, пиев по некоја чашка за вечера. Лео и Кристијано се поинакви, тие прават многу жртви. И тоа е во ред. Мојата кариера и покрај тоа беше неверојатна“, вели Весли Снајдер.